-Заедно мојот тим во рамки на акцијата што ја организира ВМРО-ДПМНЕ сме во посета на населени места во општина Крушево. Денеска ги посетуваме населените места Врбоец, Свето Митрани,Пресил и Бучини. Со оглед на тоа дека овде и локалната власт е преводена од СДСМ, овде кај граѓани владее една вистинска агонија, истакна Сергеј Попов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при теренските активности.

Попов од крушевскиот регион укажа дека во селата во овој регион нема канализации, инвестиции и никакви содржини за младите.

-Во ниту едно село нема канализација, нема инвестиции, нема за младите никакви содржини, нема никакви игралишта, ичилиштата се руинирани. Младите мора да патуваат до другите населени места за да најдат било каква рекреација, кажа тој.

Попов од терен порача дека граѓаните со нетрпение чекаат парламентарни избори за да ги пратат СДС во историјата и поддршката да ја дадат за ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните денеска ни искажуваат една голема поддршка и со нетрпение ги чекаат парламентарните избори со цел да го пратат СДСМ во историја и поддршката да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, за следната влада која што ќе се формира во Република Македонија да биде влада на народот, влада која нема да ги заборава овие населени места во Република Македонија. Продолжуваме и понатаму да се среќаваме со нашите граѓани, да влеваме надеж, да зборуваме со нив и сите заедо ќе стигнеме до победа, порача Попов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.