Кога на една влада над 52% од населението ѝ вели дека живеело подобро пред да дојдат на власт тоа значи дека таа влада треба да си замине вели за Детектор Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.
Мислам дека крајно време е таа влада да се откаже од тоа што го прави и да сфати дека не ја бива, дека нема капацитет да ги реши проблемите и да го направи животот на граѓаните подобар. Мислам дека тоа е веќе апсолвирана тема и ова е само уште една анкета која што го покажува тоа, вели Попов.
Тој вели дека со влезот во ЕУ нема да ни се решат проблемите и дека треба самите да си го средиме својот двор.
Самото влегување во ЕУ не е магично стапче кое што ќе ни ги реши проблемите. Имаме многу домашни задачи кои треба да ги завршиме претходно. Мислам дека сериозно треба да се посветиме на средување на работите и институциите и состојбите во сопствениот двор а не да чекаме тоа да ни го реши Европската Унија, бидејќи навистина нема да ни го реши, вели Попов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.