Од вкупното резидентно население во земјава (1.836.713), 847.390 жители се изјасниле за православни, а 590.878 жители се изјасниле за муслимани, покажуваат резултатите од Пописот 2021.

На третото место (242.579) се лицата кои се изјасниле за христијани, но веројатно не се изјасниле ниту за православни, ниту за протестати, ниту за католици…

Потоа, најмногубројни се евангелско протестантските христијани (8.764), па католиците (6.746), агностиците (1.964), протестантите (1.313)…

Интересно е тоа што конечните резултати од пописот прикажуваат реалативно мал број на атеисти коишто живеат во земјава (355), но затоа, пак, будисти се 894 лица, Харе Кришна се 96 лица, баптисти се 70 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.