Со оглед на сензитивноста на овој случај што ќе го напишам, тежината и притисокот врз мене и мојата фамилија што се случува, сметам дека потребно е целата јавност да ја знае, а верувам дека ќе се согласите по читање на истиот, вели Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, објавувајќи го своето сведоштво за инцидентот кога, како што раскажува, бил физички нападнат од градоначалникот на градот, Сашко Митовски од СДСМ.

Тој напоменува дека не се служи со никакви партиски цели, ниту еден збор не е дезинформација, а случајот е пријавен во полиција веднаш по настанувањето на целокупниот хаос и има записници за истиот.

На ден 13.01.2023 година, односно после полноќ околу 01:50 минути (по датум веќе 14.01.2023) по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, јас, Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, го напуштив локалот со својата девојка. На прославата присуствуваа многу луѓе, па така и паркингот беше полн. По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу 2 возила, едно во сопственост на вработен во СЕЛЕКТ КАФЕ . Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој САМО неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во ВИДНО АЛКОХОЛИЗИРАНА состојба, ТАТКОТО НА КРИВА ПАЛАНКА – С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка. За среќа, немаше никој повреден при судирот, но за жал пак, градоначалникот не ги знае законските прописи, своите обврски и должности, а најмалку и да ги почитува истите. Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите – таткото на градот!, вели Стоевски.

Како што вели, насилствата и глумењето шерифи низ градот од фамилија Митовски не е првпат, но дефинитивно првпат е пријавен во полициска станица „без страв и трепет и ниту едни притисоци и закани нема да ја променат мојата одлука да не го сокриеме насилството“.

Јас постапувам како што е пропишано по закон и одам на судска разрешница и затоа апелирам до медиумите да го истражат случајот, да не помине незабележано, а дивеењето да продолжи и на други лица. Ви повторувам, ова не е првпат да се случи таков испад од горенаведените, но првпат храбро некој одлучува да си ги бара правата. Ви ветуваме сите ќе го знаат текот на овој случај, како и неговата разрешница. Со тоа ќе спречиме било кој недолжен да настрада понатаму!
Јас никогаш не сум помислувал да правам циркуз и да се објавува моето име насекаде, но за сметка на тоа да се поштедат сите граѓани понатаму од безобразлукот на таткото на градот, решив за овој случај да дознаат сите.
Сведоци сме дека таткото на градот ја замајува јавноста и како и секогаш, фрла во бездна се што не му одговара, а на своја сметка и на своите портали само пофалби прима.
Нема ниту грам одговорност и достоинство да признае, ниту да се извини. Ние сме шокирани од неговата постапка, но уште пошокирани од степенот на безобразлук до каде може да оди! Велам ние, затоа што притисоците пристигнуваат врз целата моја фамилија, а тоа не сме да се дозволи.
Со задоволство ќе дадам изјава во присуство на сторителот и сум спремен со сите сили да докажам дека секој збор од мојата изјава е вистина, за тие што не беа присутни и се сомневаат дека вистина може некој а таква позиција да направи такво нешто. За тие што беа присутни, нема потреба да ги правиме слепи, како што сограѓаните си ги прави таткото на градот. Немам никакви ниту политички ниту приватни цели да го деградирам угледот на наведениот , бидејќи сите знаат дека јас, искрено со огромно сега каење, го поддржував истиот!
Јас сум во својство на службеник на државата и сум задолжен за заштита на безбедноста на сите граѓани и насилство НИКОГАШ нема да поддржам, преќутам или оправдам и секогаш ќе се борам против тоа. Согледно влијателноста на напаѓачот, не се плашам од никакви закани и притисоци, ниту пак од губење на работата, затоа што си ги знам своите човекови права и ќе се борам до крај за истите, вели полицаецот.

Тој сака да потенцира дека на настанот имало многу луѓе, околу 100 присутни во моментот на случувањето, но никој не му се спротистави на градоначалникот-насилник затоа што имало преку 10 лица од обезбедувањето на неговиот локал кои исто така не му се спротиставиле, туку мирно стоеле како ништо да не се случува.

АКО ИМАШЕ РЕАКЦИЈА СПРЕМА НАПАЃАЧОТ, ЗНАЕМЕ КАКО ЌЕ СЕ ЗАВРШЕШЕ, потенцира тој. „ Ќе тепаме, само ако него го тепаат. Отприлика така оди приказната“.

Благодарам за поддршката што ја добив од сите пријатели и луѓе што ми се јавија, но исто така искажувам револт и срам за сите што молчат, а беа сведоци. За мене секогаш срамот ќе биде поголем од стравот.
Штом молчиш, значи поддржуваш, но следен пат можеш да бидеш и ти!
Сметам дека е од голема сензитивност за целата нација бидејќи такво насилничко однесување никој не заслужува. Тоа е нешто што може да се провери во секој момент.
Не реагирам на никакви провокации и прашања зошто не се спротиставив. Машкоста и јачината не се мери на таков начин. Насилство со насилство не се враќа, ама казната треба секој да ја добие.
Таткото си изјасни дека НЕ СЕ КАЕ, тој би го утепал и своето дете да стои на пат. Тоа се неговите зборови и уште многу други грозоморни работи. Сега преку свои портали се оградува и вели дека ништо не се случило од тоа, а ПАРАЛЕЛНО ГИ БАРА СИТЕ СВЕДОЦИ КОИ СЕ ПРИЈВИЛЕ ДА СВЕДОЧАТ, а многу се на број, да дознае кои се, а зошто? Знаеме сите.
Ако ги сакаш своите граѓани кои се под твоја закрила, постапи одговорно и излези, признај го делото, немој да лажеш, туку постапи согласно сите законски прописи кои имаш должност да ги почитуваш и ОДГОВАРАЈ ЗА ИСТОТО! Храбар си со 10 луѓе обезбедување околу себе, но дали си храбар пред секој обичен граѓанин?
ОВА ГО ПИШУВАМ ПОД МОРАЛНА И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ДЕКА СЕКОЈ НАВЕДЕН ЗБОР Е ТОЧЕН, И ИСТО ТАКА САКАМ ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА СЕКОЈА НАРЕДНА ИЗЈАВА ОД СТРАНА НА СТОРИТЕЛОТ НА ДЕЈСТВИЕТО ДЕКА Е ЛАЖНО ОБВИНЕТ ОД МОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА ДОПОЛНИТЕЛНО И ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ СВЕДОК КОЈ ЌЕ ИЗЈАВИ СПРОТИВНО ОД ТОА ШТО ВИДЕЛ И СЛУШНАЛ .
ПС ВИДЕАТА ОД НАСТАНОТ ЌЕ ГИ СОЧУВАМ ЗА НА СУД !!!, пишува тој.

За време на гостувањето во ТВ24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека инцидентот е пријавен и дека градоначалникот е дел од истиот и дека веќе се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.