ВМРО-ДПМНЕ ве поканува на регионална средба со градоначалниците и претседателите на советите на општините од Вардарскиот регион, која ќе се одржи на 2.12.2022 година (петок) во 19 часот, во х. „Гарденија“ во Велес, голема конференциска сала (ул. Академик Пенчо Давчев бр.75, Велес).
На регионалната средба ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалникот и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Велес, Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Градско и Лозово.
Дневен ред на регионалната средба:
1. Креирање на буџетите за општините и локалните институции за 2023 година
2. Предвидување на средства за капитални инвестиции и проекти за буџетите за 2023 година
3. Справување со енергетските предизвици во време на криза од страна на општините во наредниот период
4. Изнаоѓање на дополнителни можности за финансирање на проекти
Целта на средбата е размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети за наредната година, со цел поефикасна работа и реализација на проектите ветени во изборните програм, како и подобро справување на локалната самоуправа со негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.
Организатори на регионалната средба се Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
Пред почетокот на трибината (19 часот) предвидени се изјави за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.