Шефот на државата Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата за околу 72.000 денари, па месецов на сметката на претседателот ќе му се исплатат околу 165.500 денари нето, односно 254.000 бруто-плата.

Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.

Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.