Вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во рамки на официјалната посета во Брисел денеска се сретнал со Маријакармен Колити, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) со седиште во Брисел.

-На средбата беше потврдена подготвеноста на УНОПС да даде постојана поддршка на Македонија во евроинтеграцискиот процес. Двете страни се согласија дека во фокусот на идната соработка треба да биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, соопшти Кабинетот на Фетаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.