Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од Токио патува за Вашингтон, каде што ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република  Македонија и Соединетите Американски Држави. Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.

Стратешкиот дијалог беше најавен од страна на власта откако стана јасно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.