Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Како што се наведува на веб-страницата на Собранието, на дневен ред на седницата е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.

Уставниот суд веќе подолго време не може да одлучува  и работи само со петмина судии отако на некои им заврши мандатот а други заминаа во пензија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.