Тренчевска: Од петок започнуваме со кампања која ќе има за дел подигање на свеста за булингот
Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) – Од петок започнуваме со кампања во делот на менталното здравје која ќе има за цел да пренесе пораки за подигање на свеста за булингот, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Таа на денешната промоција на Протколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, одговорајќи на новинарско прашање рече дека Министерството за труд и социјална политика работи преку центрите за врсничко насилство, булингот и дека по секоја пријава од училиште, од градинка се вклучуваат стручни тимови.
-Во петок почнуваме од Валандово и Струмица во петок заедно со амбасадори, со поддршка на УНИЦЕФ, со извидници со млади, токму од младите за младите да ја подигнеме свеста за врсничкото насилство, за превенција, и за препознавање на насилството. Општина Центар започнаа веќе со активности. Исто така и други општини започнуваат со активности во училиштата. Министерството за образование ги користи стручните тимови од центрите како поддршка на стручните тимови и училиштата, и верувам дека една од приоритетите во наредниот период, ќе биде токму врсничкото насилство, да ги заштитиме децата, истакна министерката.
Градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски од друга страна, рече дека општината изминатиот период има направено повеќе акции.
-Да. Последниов месец дена кога настана неколку немили настани Дебар маало, една од населбите каде што е најфреквентна и има збиралишта на поголем број на наши млади деца. Во соработка и со МВР, но и со МТСП и други ресорни министерства направивме повеќе акции , се со цел да ги намалиме сите тие немили настани. Дополнително како општина отпочнавме одредени кампањи. Покрај тоа што се грижиме да нашите дечиња учат и се воспитуваат во најдобри услови ги реконструираме сите градинки, училишта, дополнително се грижиме за нашиот наставен кадар каде што изминатиот месец дена нашите наставници, негувателки имаа обуки во делот на булингот и меѓу врсничкото насилство коешто ќе го пренесат на дечињата.
Додаде дека покрај кампањите во кои ќе се вклучат со министерствата, општината дополнително потпишала Меморандум за поддршка на кампањата на Макпетрол во делот на врсничкото насилство.
-Исто така за брзо време ќе почнеме обуки на дечињата на родителите, коишто ќе се вклучат во истите, ќе се делат брошури, флаери се со цел да ја подигнеме свеста кај најмладите. Постојано ги повикуваме и родителите меѓу кој сум и јас за што повеќе време одвоиме и споделуваме заедно со нашите дечиња, посочи Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.