Почна седницата за уставни прашања со која претседава собранискиот спикер Талат Џафери, а присутен е и премиерот Димитар Ковачевски.

Џафери го предложи дневниот ред со единствена точка на дневен ред: Иницијатива за измена на Уставот.

Десет пратеници на владеачкото мнозинство гласаа ЗА дневниот ред, а сите седум пратеници на опозиционата коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Никола Мицевски, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Проф. Гордана Силјаноска Давкова, Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска и Иван Стоиљковиќ) гласаа против точката за уставните измени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.