Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, на која ќе се разговара за безбедносната состојба во државава и евро-атлантскиот регион.
На седницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на YouTube и Facebook платформите на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.