Во Охрид почна протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ којшто според најавите треба да биде отворен во 12 часот.
Протестот го организира политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти.
Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.
Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни, велат насобраните граѓани.
Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.