Општина Македонска Каменица почна постапка за јавна набавка за изградба на главен колектор од село Моштица до Македонска Каменица.
Kако што информираа од Општината, со постапката е предвидена и изградба на третиот крак од фекална канализација во село Моштица.
Проектот има проценета вредност од 6.120.000,00 денари, со предвиден рок на изградба од 180 денови. Наша цел, во согласност со Законот за јавни набавки е да обезбедиме највисок квалитет на услугата и најповолен понудувач со најниска цена, се вели во информацијата од Општината.
Според градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, станува збор за проект со клучно значење за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и зголемување на грижата за општата здравствената состојба на населението.
Реализацијата на истиот овозможува ефикасно собирање и одведување на отпадните води од овој дел на село Моштица и нивно поврзување со главната фекална канализација во Македонска Каменица, изјави Атанасовски.
Понудите можат да се достават најдоцна до 23.09.2024 до 12 часот на Електронскиот систем за јавни набавки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.