Почина Александар Диневски, поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од „осумтемина“ од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.

Тој беше еден од осудените во аферата „Шпион“, кој до денеска ја следат бројни контроверзи. Му беше изречена затворска казна од четири и пол години, по што тврдеше дека се работи за политички прогон.

Обвинетите тврдеа дека станува збор за целосно монтиран случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.