На Клиниката за пулмологија почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“, објави „Слободен печат“.

Пред три дена се одржа рочиште за случајот за пријавата за поткуп кон аптеркарот, но Веизовска не беше присутна поради влошување на нејзината здравствена состојба. Таа својот исказ го даде на почетокот на судскиот спор. Кажа дека аптекарот ѝ барал поткуп а во спротивно ѝ се заканувал дека терапијата за неа ќе ја нема и ќе му биде дадена на друг пациент. Таа во судница отворено кажа дека се сомневала оти терапија не добивала, и покрај тоа што плаќала под рака. Во својот исказ таа спомена повеќе вработени на клиниката.

Целиот текст на Слободен печат

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.