Денеска почина познатиот македонски бизнисмен, сопственик на градежната компанија „Жикол” и голем филантроп, г-ин Живко Пандев.

„Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол”, г-от Живко Пандев. Долгогодишен успешен градежник, голем филантроп, сакан сопруг, татко, дедо и пријател за пример. Преку неговите дела, преку неговата беспрекорна работа низ децениите и преку хуманата и добра мисија на која безусловно ѝ беше посветен, ќе живее вечно. Луѓе со таква човечка големина остануваат во вечноста. Горди сме на традицијата која ја создаде и чест ни е што сме дел од неговото големо семејство. Нека му е светол патот и нека почива во мир”, веста на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Елена Пандева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.