Денеска на 81-годишна возраст почина францускиот политичар Франсоа Леотар. Веста ја објави францускиот претседател Емануел Макрон на својот Твитер профил.

-Франсоа Леотар и служеше на државата и носеше одлична идеја за културата. Со неговото заминување губиме слободен дух, човек на книгите и посветеноста. Неговиот роден Вар, Франција што ја бранеше и Републиката што ја сакаше, денес чувствуваат голема загуба, стои во твитот на Макрон.

Леотар и е познат на македонската јавност како специјален претставник на ЕУ за време на конфликтот во 2001 година и еден од олеснувачите за постигнување на Охридскиот рамковен договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.