Почина Душко Миновски, првиот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
Тој ја водеше Комисија од формирањето во 2011 до 2016 година. Миновски беше и државен советник за стратешко планирање и меѓуресорска координација на проекти за реформа на јавна администрација во Министерството за труд и социјална политика.
Душко Миновски ѝ беше познат на македонската јавност како човек кој има придонесено во насока на сузбивање на дискриминацијата, како теренски работник, а имаше и долгогодишно искуство како социјален работник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.