Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по тринаесет дена борба со огнената стихија, информираше денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Неготино, Столе Атанасов.

Тој во објава на својот фејсбук профил изрази благодарност до сите кои доброволно придонесуваа во гаснењето на пожарот, како и до сите државни, регионални и локални институции кои беа вклучени во гаснењето на пожарот.

– Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини, наведува Атанасов.

Благодарност упати и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.

– Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец, напиша тој, подвлекувајќи дека се успеало, да не настрада со посериозни повреди, ниту еден од вклучените граѓани во акцијата.

Покажавме, додаде тој, дека само сплотени може да се справиме со сите предизвици, упатувајќи апел за внимателност поради високите температури со цел избегнување на пожари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.