Македонија е пред одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина, која побарала ваква помош од земјава во борбата против агресијата од страна на Русија, „360 Степени“ повикувајќи се на неофицијални информации обкави дека ќе се ослободуваме од 12-те армиски хеликоптери „ми-24“.

Медиумот коментира дека ова може да се заклучи од одговорот на Министерството за одбрана откако министерката Славјанка Петровска во телевизиски настап пред два дена откри дека на владина седница на 14 март била донесена одлука за нова донација за украинската армија.

Податокот за последната одлука е класифициран, но според одговорот, донацијата на хеликоптери ќе биде дел од следна одлука за уште една донација што се очекува наскоро.

„Одлуката од вторникот за воена помош на Украина е податок кој е класифициран. Ве информираме дека во согласност со побарувањата од украинска страна, во тек е изработка на анализа дали може да се одговори позитивно на нивното барање за донација на хеликоптери. При оваа анализа се земаат предвид плановите наведени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, според кој се предвидува набавка на нови повеќенаменски хеликоптери кои треба да ги заменат постоечките. Согласно планот за модернизација на Армијата, работи Интегриран проектен тим кој е во фаза на евалуација на понуди од различни производители, за набавка на повеќенаменски хеликоптери за потребите на Армијата, но и за цивилна заштита и спасување“, стои во одговорот на Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.