Билјана Гаврилова Станковска од Велес објави статус на Фејсбук зашто беше револтирана од дискриминацијата која како лице со посебни потреби, ја доживеала во Скопје, по што со свој став излезе и „Ина Многуфина“.

После искуството на инвалид казнет дека се паркирал на место за инвалиди иако платил паркинг ама не му важи дека не е од Скопје, како да на влезот во Скопје инвалидите од другите градови престануваат да бидат инвалиди, можеме слободно да се самораспуштиме и како систем и како општество и како локална самоуправа и како држава. Ако стигнавме да ги малтретираме немоќните, болните и луѓето со посебни потреби, сме го допреле дното другари, напиша „Ина Многуфина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.