Корисниците на Катастарот на недвижности од петокот не можат да ги користат неговите услуги. Вработените немаат пристап до системот и не можат да се најават на своите кориснички профили.

Не можат да пристапат до апликациите ниту соработниците на Катастар кои работат на одржување на апликациите, потврдуваат за Република.

Од петокот не работи ниту сајтот на оваа институција. Недостапни се и телефоните што можат да се најдат на интернет.

Случајно или не, овој куршлус на Катастар се случува од петокот, откако ВМРО-ДПМНЕ ја најави аферата „Тајни имоти“. Аферата беше најавена рано утрото на 21 октомври.

На прес-конференција која беше најавена пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра. Дел од имотите се на име на функционерите, заведени во Катастар, но не и евидентирани во анкетните листови.

Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити, изјави вчера Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.