Само ве молам да не лепите етикети затоа што ниту ние, ниту вие не сме истражни органи. Секој што има наоди може да ги претстави во Јавното обвинителство, вклучувајќи ја тука и опозицијата, вели вицепремиерот Артан Груби запрашан за надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

Груби истакна дека постапката за избор на надзор е пропишана во специјалниот закон кои го поддржаа сите партии во Собранието.

Постапката ја врши ЈП „Државни патишта“, а не Владата. ИРД е конзорицум составен од ИРД, Ептиса и две други компании, но носител е ИРД. Апсолутна лага е дека Владата има потпишано договор со Ептиса. Вие јавноста и опозицијата обвинува компанија за некој тендер во 2020 година и го поврзувате со надзорот во овој проект што се сосема различни работи, рече Груби и замоли да не се фрла дамка врз ваков голем инфраструктурен проект.

Јас сум вицепремиер во Владата, постапката е водена од ЈПДПД. Како може јас да станам за сопственик, кога нема допирна точка со таа постапка – додаде вицепремиерот.

Опозицијата обвини за конзорциумот воден од ИРД, а од кој дел се ЕПТИСА, која со одлука на влада е утврдено дека работела незаконски, Електра Солушн, која добива лиценца и Евро Консталтинг на Бранимир Димитријевиќ, вмешан во меѓународна криминална шема, кого го барале ерменските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.