По кратка потера уапсен е и поранешниот директор на Клиниката за Оонкологија, Н.В, кој беше еден од лекарите кој утринава не беше пронајден, неофицијално дознава „Фокус“. Според информациите на порталот, тој бил пронајден некаде низ клиниката и му било навестено дека е лишен од слобода.

Како што веќе објавивме, по наредба на јавен обвинител утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се прават во домовите на бивши директори и персонал на клиниката, како и во самата клиника.

Надлежните институции најавуваат повеќе детали во текот на денот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.