На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Cеверна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.
Издадените лични карти, пасоши и возачки дозволи кои се со важечки датум, но го содржат името „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Радио Слободна Европа.
Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат. Со стара патна исправа нема да може да се преминува граница, ниту пак ќе биде прифатена како документ во институциите и со стара возачка дозвола нема да може да се управува моторно возило, велат од МВР.
Целата сторија на РСЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.