Личните карти во земјава ќе можат да се користат и по 13 февруари.
Министерството за внатрешни работи донесе одлука дека за домашна употреба, личните карти со називот „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 13 февруари. Оттаму додаваат дека неспорен факт е дека измените на Законот за лична карта со кој се врши усогласување со Уставните измени од аспект на новото уставно име на државата, како и со Законот за употреба на јазиците се уште не е донесени, односно истите се во собраниска постапка.
„Цениме дека за домашна употреба и во рамки на границите на Република Македонија, личната карта со називот на државата „Република Македонија“, а која има важност треба да продолжи да важи и по 13.02.2024 година“, објаснуваат од МВР.
Во земјава, посебно во Скопје има метеж за подигнување на лични документи.
Премиерот Димитар Ковачевски вели, патните и лични исправи кои се употребуваат во земјава, ќе важат и по 12 февруари, но, за надворешна употреба треба согласност од Грција. Тој не разговарал со властите во Атина, бидејќи како што појасни, таква обврска имал претседателот Стево Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.