Повеќе од 60 вљубеници во планината од 10 градови годинава ја доживејаа магијата на првото изгрејсонце на Пелистер. По 12 пат, во организација на Олумпус Монс од Битола, се реализираше турата со симболично име „Први на први” за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина, со цел првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2.601 метар надморска височина.
Искачувањето го започнавме од Инфоцентарот на НП Пелистер на 1.350 мнв, се движевме по патека долга 14 км, во правец на Цапарска пресека, Ловечка куќа, се до врвот Пелистер каде пристигнавме околу 5,30. „Први на први” е прв спортски настан на Балканот, можеби и поширок, и полека но успешно прераснува во еден препознатлив битолски бренд. Целта на овој настан е да ги промовираме убавините и потенцијалот на НП Пелистер кој го има и нуди во насока на идниот економски развој на поширокиот регион. Исто така, со овој настан сакаме да ja поттикнеме љубовта кон планината и планинарењето – велат организаторите на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.