Секој ден нов скандал од владата на Ковачевски. На партиската прослава на ДУИ и СДСМ пред два дена, присутните на настанот го исвиркаа македонскиот јазик, изјави на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Уште едно понижување за нашиот јазик, покрај она, кој оваа ненародна власт го расподава во преговорите со Бугарија. Имено, на настанот организиран од владата, за годишнината од Рамковниот договор, кога се обрати водителката на македонски јазик, присутните го исвиркаа македонскиот јазик, а со тоа го навредија целиот македонски народ. На оваа партиска забава, платена со пари на граѓаните меѓу присутните беа и првиот вицепремиер, Артан Груби и повеќе други министри. А од таму никаква осуда за овој огромен скандал. Но молк и од целата влада. Димитар Ковачевски повторно молчи за скандалот, кој што се случи на настан кои требаше да симболизира мир, заедништво помеѓу сите граѓани на Република Македонија. Треба веднаш да се оградат и извинат на целокупната македонска јавност за она што се случи во саботата. Доколку не се извинат и оградат од овој скандал со исвиркувањето на македонскиот јазик, ќе застанат во одбраната на вулгализирањето на македонскиот јазик. Исто така тогаш како може граѓаните да очекуваат од оваа ненародна власт да застане во одбрана на националните интереси и македонскиот јазик во процесот на преговори со Бугарија. Со целиот овој настан и скандалите кои се поврзуваат со него на површина исплива поделеноста на опшеството и постоењето на два паралелни света. Вештачката поделба помеѓу граѓаните во државата, која ја прави владата се со цел да може да украде некој денар повеќе. Токму претходно говоревме за настанот, кој наводно требаше да означи МИР, како се потрошени илјадници евра за пејачи, кетеринг, спотови и стихозбирки. Над 100 илјади евра за една вечер Ковачевски и Груби потрошија за оваа нивна партиска журка, на која повторно ќе повторам, се омаловажи македонскиот јазик со исвиркување од присутните. Овие народни пари, пари од буџетот на државата можеа да се употребат за изградба толку ветуваната канализација во Арачиново, или пак да се исфалтираат десетици километри во населените места во Тетово и Гостивар. И ќе беа корисно потрошени и за Македонците, и за Албанците и за Ромите, и за Турците и за сите останати – истакна Петрушевски.
Доста е. Доста е од поделби, доста е од омаловажувања и распродавања на националните интереси. Доста и од секојдневните криминали на власта предводена од СДСМ и ДУИ.
Казната од граѓаните за оваа ненародна власт ќе пристигне многу скоро, на предвремените парламентарни избори – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.