Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат. Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалоци за едно четири члено семејство во октомври во споредба со септември оваа година се намалени за 1000 денари. Поголем доказ од ова дека мерките на владата даваат плод нема, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не се оставени на цедило. Владата презема реални мерки за зачувување и зголемување на животниот стандард. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Народот има партнер во владата, која работи за него, а не против него. Инфлацијата е помеѓу 2 и 2.5%, за време на СДС таа беше двоцифрена – рече тој.

Петрушевски порача дека Македонија се движи забрзано напред.

Економската трансформација која е наша цел почнува. Куповната моќ на народот се зголемува и економијата расте. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.