Според Извештајот на ДЗР за 2023 година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени нерегуларности, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, поради злоупотреба со ИПА средства, а како последица на контрола од ОЛАФ, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата.
Имено во Изваштајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата.
Владата на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати парите кои ги исплатила за злоупотребата кон ЕК.
Неспособноста на СДС и ДУИ ја чини државата народни пари, кои наместо за нови училишта, градинки или болници одат за покривање на криминалното работење.
Важно е да се напомене дека ДЗР констатира дека договорите кои се прават за техничка помош мора да бидат со извршна клаузула со сила на нотарски акт, со цел забрзан поврат на средствата во буџетот. Државата мора да има заштитен механизам.
Со СДС и ДУИ штетите по државата во изминатите години се огромни. Неспособноста завршува со нив“, вели Петрушевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.