Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“ зборуваше за Иницијативата за Референдум која претседателот на Собранието, Талат Џафери ја одби и истакна дека Џафери ја погрешил постапката и процедурата затоа што ВМРО-ДПМНЕ не се обрати до Собранието преку претседателот Мицкоски. Петрушевски укажа дека Џафери требало да ја достави до претседателот на законодавна-правна комисија и до претседателот на матичното тело односно Комисија за политички систем.

Џафери се става на улога по кој знае кој пат на заштитник на СДСМ спасувајќи го соочување со народот, бегаат од предвремени избори, сега бегаат и од Референдум. Во делот на она кое Џафери го извести подносителот на Иницијативата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е тоа што апсолутно е дека Талат Џафери ја погрешил постапката и процедурата затоа што ВМРО-ДПМНЕ не се обрати до Собранието преку претседателот за оценка на уставност на Иницијативата, па тој да не известува нас дека Иницијативата не е уставна. Таа се доставува до претседателот на законодавна-правна комисија и до претседателот на матичното работно тело, значи претседателот Џафери треба да ја прими Иницијатива како што ја прими и треба веднаш согласно член 191 да ја достави до претседателот на законодавна-правна комисија и до претседателот на матичното тело односно Комисија за политички систем – истакна пратеникот Петрушевски.

Петрушевски во текот на своето гостување запраша дали како партија ќе покренат постапка за Иницијативата до Уставниот суд и истакна дека апсолутно немааат никаква доверба во овој ваков Уставен суд затоа што судиите се блиски до СДСМ.

За жал Уставниот суд не функционира. Членовите во Уставниот суд односно судиите кои што ги предлага СДСМ затоа што актуелна е и таа расправа на пополнување на Уставниот суд се брутална партизација на Уставниот суд со кадри кои што се блиски до СДСМ, така што ние апсолутно немаме никаква доверба во овој ваков Уставен суд. Во некаков Уставен Суд ослободен од спрегите на власта да. Она кое е суштина, Талат Џафери наместо да ја враќа и да се става во улога на Уставен суд ова Иницијатива требаше да ја достави до законодавна-правна комисија и до политички систем – додаде Петрушевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.