ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, сега наместо да манипулираат, да се реформираат, заради нив државата ја напуштија стотина илјади граѓани, истакна на денешната прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ како власт во 2023 ја донесоа Стратегијата за реформи во администрацијата 2023-2030 во која се нотира дека балансерот се злоупотребува и дека е потребно негово укинување.

Тоа беше време кога нивните министри во владата играа фудбалчиња по министерски кабинети, местеа тендери и делеа бизниси во четири очи. Тогаш не само што немаа проблем со укинување на балансерот, туку и сами поддржаа негово укинување.

Што се смени сега? Едноставно е, ДУИ не е власт, нивните министри не местат тендери и не прават матни зделки, па затоа сега бараат само повод за дестабилизација, со единствена мисла нивни функционери кои учествувале во милионски сомнителни теднери да не одговараат

ДУИ многу добро знаат дека укинувањето на балансерот е препорака и на ЕК. Но тоа не ги колеба кога станува збор за наоѓање изговори за дестабилизација.

ДУИ има за цел да ја дестабилизира државата, заради спас на криминалци. ДУИ се одамна прочитани и тоа веќе не поминува, рече Петрушевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.