Ставот на Република Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата во однос на проширувањето е јасен, а тоа е дека ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата. Тоа значи дека секогаш кога некоја земја ќе изрази прво волја да стане членка на Алијансата, ние тоа го прифаќаме, но треба да се следи процесот на нејзино пристапување и во оној момент кога земјата ќе ги исполни условите да биде земја – членка на Алијансата, е добредојдена.

Ова е одговорот од министерката за одбрана Славјанка Петровска на новинарско прашање во однос на најавите за проширување на НАТО со нови земји – членки, за што таа и оцени дека е сосема очекувано со оглед на развојот на настаните на европско тло од што, нагласи, сите сме загрижени.

Ширењето на НАТО Алијансата не треба да претставува закана за никого, туку напротив мислам дека тоа е дополнителна вредност за мирот и стабилноста во регионот и на територијата на НАТО Алијансата , но и во светот, затоа што НАТО е политичко воен сојуз, меѓутоа пред се знаеме дека се заснова на политиката на одвраќање и на гарантирање на безбедностс – изјави министерката Петровска на денешната прес-конференција во скопската касарана „Илинден“, на која информира за Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната – „Еко-одбрана“ .

Одговарајќи на прашањата од новинарите, Петровска информира дека во рамки на годишните планирани активности на НАТО, нашите војници учествуваат во вежбите, а она што е донесено како одлука минатата година е учеството на припадниците на Армијаата на  Македонија во контингентот во Латвија.

Тие треба да бидат заминати веќе во текот јуни. Учеството не само во оваа мисија, но и генерално во сите мисии и вежби во НАТО се смета како зајакнвуање и на сопствените национални капацитети затоа што претставува одлуична можност за соработка на припадниците на нашата армија, со колегите од другите армии – истакна министерката Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.