НАТО е одбранбена Алијанса која е цврсто одлучна и обединета во нејзината основна цел – одвраќање на сите потенцијални непријателски активности и одбрана на секоја педа НАТО територија, е заклучокот од денешната прва сесија на министрите за одбрана на сојузничките земји, која се одржува во рамките на состаноците на Северноатлантскиот совет, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката Славјанка Петровска на оваа сесија посочи дека Македонија останува одлучна во својот придонес кон заедничките цели на сојузниците, за што континуирано вложува во развојот на своите капацитети и модернизацијата и опремувањето на Армијата.

– Одлуката на Самитот во Мадрид го постави патот по кој ќе се движиме. Она што мораме сега да го направиме е брзо и ефикасно да ги исполнуваме нашите обврски и да инвестираме во развој на капацитетите кои ни се потребни, рече министерката Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.