УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАРУШЕНАТА ДОВЕРБА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција – вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош (доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ.

Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба “за возврат” на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите.

Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде “услов” за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, вели во својата објава Петрова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.