Членот на Извршниот Одбор на СДСМ Андреј Петров, во вечерашното интервју во емисијата 24 Отворено на ТВ 24, одговорајќи на прашањето дали се разговарало за францускиот предлог во рамки на партијата, вели дека истиот го дискутирале во рамки на партијата, но како што рече откако виделе дека јавноста и опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат, премиерот Димитар Ковачевски донел став да не го прифаќаат.

Па координации да, и мислам дека мнозинството на луѓе се на оваа теза, има една сондажа низ членството. Меѓутоа го сондиравме и расположението на граѓаните и го респектираме ставот на опозицијата, и другите коалициски партнери, вели Петров.

Имено, за потсетување на јавноста, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи изјавуваа дека владата го нема добиено францускиот предлог и поради тоа не можат да го дискутираат и да ја информираат јавноста, за денеска откако Македонија доби уште едно вето од бугарска страна, и претходно лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати таков понижувачки предлог, Ковачевски го одби истиот. Но, она што е симптоматично како истиот кој не беше достапен за јавноста и опозицијата, истиот бил достапен за партиските челници на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.