Никој не може да предвиди колку ќе трае војната. Не знам какви беа плановите на Путин, но претпоставувам не планирал долго да се задржи во Украина, најавувајќи на почетокот кои се целите на руските сили. Дури и сериозна опасна закана упати кон НАТО да не се мешаат. Аналитичарите сметаа дека може да употреби и нуклеарно оружје. Клучно прашање беше Русија да има тампон зона со НАТО и исклучување на Украина од Алијансата, изјави лидерот на НСДП, Тито Петковски во емисијата „Само вистина“.

И ние долго време бевме кандидати за НАТО, изјави меѓу другото Петковски во гостувањето.

Идејата на НАТО за проширување до руските граници е стара. Клучниот проблем за оваа човечка катастрофа се должи и исклучиво на различните сфаќања и теории што е тоа безбедност. Русија мислеше дека безбедноста е да не се дојде до нејзините граници, а НАТО смета дека безбедност за земјите членки е да бидат што поблиску до најголемиот непријател или конкурент. Најтрагично е што САД, ЕУ и Русија знаеја за војната, а само Украина не знаеше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.