Многу добро се сеќаваме на тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ водеше силна кампања за промоција на Македонија во светот под слоганот „Македонија вечна“. Со мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет успеавме да привлечеме голем број странски туристи и да го раздвижиме туризмот како никогаш претходно“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Таа додаде дека тогаш се работело на промоција на Македонија, македонските производи и македонските компании.

Освен кампањата „Македонија вечна“, добро е да се потсетиме на многу други кампањи како што беше кампањата за „Купи куќа, купи стан“, „Охрабри се направи го првиот чекор основај сопствен бизнис“ , „Да купуваме македонски производи“. Тоа беа кампањи кои всушност не освестија и не поттикна да ја видиме важноста создаден од македонските раце и компанијата основана од македонскиот човек-  кажа Петкоска.

Таа истакна дека кормилото преземено од актуелнава власт која мисли дека туризмот е само убава желба и убав збор.

Петкоска истакна дека на туризмот во Македонија му се случува егзодус како и дека младите се почесто се иселуваат и бараат работа надвор.

Дигитализацијата на туризмот веќе 6 година по ред е само на ниво на најава, додека туристите и туристичкиот промет ги броиме од око. Заради тоа ни се случува егзодус на кадри во туристичко угостителскиот сектор, тоа се нашите млади луѓе кои тргнаа да ја барат среќата на двор од Македонија – рече Петкоска.

Според Петкоска на туризмот му треба стратегија визија и посветена работа.

Туризмот е многу повеќе од убава желба. Туризмот бара посветеност и работа, мудри политики, стратегии и многу влог. Не можеме да говориме за развиен туризам со инфраструктура со која не можеме да стигнеме до македонските убавини – децидна е Петкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.