На денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска запраша за тоа до каде е изградбата односно отворањето на фабриката за електрични возила во Тетово?

На 11 август вицепремиерот Артан Груби во присуство на цела владина слика најави отворање на нова фабрика за електрични возила во Тетово, мултимилионска инвестиција од Германија со која во ТИРЗ Тетово ќе се отвореа 3 до 4 илјади работни места. Камен темелникот беше фрлен на 13 август, проследен со бомбастични изјави и најави дека за 8 недели ќе почнеле работите за нејзина изградба – рече Петкоска.

Петкоска е децидна дека се ќе било прекрасно ако три пати не се прекршиле роковите за старт на изградбата и ако после половина година оттогаш не останел само камен темелникот за парцелата за Е-ГО во ТИРЗ Тетово.

Кај нас со оваа Влада зборот наскоро е еднакво на никогаш. Всушност кај нас кога ќе подразмислам и ништо не е потешко од тоа да се очекува датум, па така освен датумот за ЕУ си имаме и едно чудо други датуми за очекување на кои еве им се придружи датумот за фабриката за автомобили во Тетово – изјави Петкоска.

Петкоска второто прашање го до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска кое се однесува на социјалната реформа која според министерката донесла за 300% повисока гарантирана минимална помош, зголемени социјални надоместоци и поширок опфат на корисници.

Таа ја запраша министерката за тоа колку лица приматели на гарантирана минимална помош се вклучија на пазарот на трудот до овој момент?

Овие лица требаше да посетуваат интензивни обуки и да добијат совети со цел да се стекнат со вештини и искуства и да се забрза процесот на нивно активирање на пазарот на труд. Оттука со оглед на фактот дека интенцијата на министерството за труд и социјална политика беше што е можно повеќе приматели на гарантирана минимална помош да се активираат на пазарот на труд и секако активацијата ќе беше приоритет – изјави Петкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.