Гостите во вечерашната Топ Тема, Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ и Петар Ристески, пратеник од ВМРО–ДПМНЕ ја коментираа посетата на американскиот тим за санкции, кој веќе ја заврши посетата на земјава.
„Имајќи во предвид дека САД се наш стратешки партнер и сите овие години наназад во континуитет се одвојуваа сретства од даночните обврзници во Америка за јакнење пред се на судството овде секако дека може да го гледаме од два аспекта не би рекла дека е пораз туку дека е помош и јасен сингнал дека не може да се толерира корупцијата да зазема широки размери и да се нема јасен одговор во борбата против корупцијата. Како корупцискиот скандал во ЕП, дали кај нас нема доволно капацитети, тоа е предмет на поширока анализа, но факт е дека бавно се движат работите и немаме вистинска разрешница. Вакавата поддршка помош од вистинските пријатели не секогаш треба да биде во пари, таа е поефикасна ако е изразена во вистинска критика“, рече Калеска-Ванчева.
Ристески праша: Каде одат овие тимови, кои држави ги посетуваат и зошто.
Ваков тим на санкции влегува само во Авганистан и во Македонија. Навистина е поразително што нашата држава ја посетуваат вакви експерти. Американскиот тим за борба против трговија со дрога дојдоа во Колумбија и во Македонија. Во Колумбија за случајот со Пабло Ескобар, во Македонија за случајот со командирот на полицијата во Прилеп. Ние како политичка партија во континуитете зборуваме за криминал и корупција веќе пет години: од РЕК Битола, набавка на вакцини издавање на 215 пасоши на „белосветски“ криминалци… Не најдовме дебата заеднички за влезиме во борба против корупцијата. Дојдовме до ситуација да ни доаѓа од надвор „камшикар“ за борба против криминалот и корупцијата. Тие не доаѓаат да се справуваат со шалтерски рабтници, тие тимови корупцијата ќе ја бараат во највисоките ешалони на власта“, истакна Петар Ристески, пратеник од ВМРО–ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.