Жените биле, се и ќе бидат еден од носечките столбови на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја функција има почеток и крај. Се е менливо и минливо, само ВМРО е вечно, посочува Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е сложно и обединето со цврст и јасен став за промени во Македонија кој ќе донесат подобро утре за нашиот народ.
Партијата помина години на тешка опозиција. Години во кои недолжни луѓе поминуваат во затвор.
Денес партијата е на вистинскиот пат со силна поддршка од македонскиот народ со над 40 градоначалници и најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија.
Повикувам на единство, обединување и поддршка кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целото раководство на партијата – истакна Пешевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.