Оваа власт со бројните афери и скандали кои ги креира, и освен криминал се фаќа единствено за уставни измени наместо да се грижат за граѓаните, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.

Пешевска укажа дека уставните измени се затворено прашање за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се затворена тема за нас, ние ниту сме биле дел од било какви разговори, ниту сме информирани, ниту некој воопшто не слушнал што сме зборувале на темите во врска со договарањето со Бугарија и Грција. Дополнително дали воопшто е направена анализа кој користи говор на омраза, има брутален говор кон Македонија, но нашата Влада не реагира – рече Пешевска.

Таа укажа дека е јасно кој и во која земја има демократија или не.

Зарем демократија е непочитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур. Има пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, но официјална Софија не ги почитува – кажа Пешевска.

Пратеничката укажа дека не гласала ниту за уставните промени по Преспанскиот договор, нема да гласа ни сега.

Ниту ме барале, ниту ќе ме бараат да разговараат со мене, јас го поминав процесот и со уставните измени претходно и не гласав. Нема да гласам сега ниту било кој од пратеничката група. Знаат и во власта дека немаат пратеници тие се во тешка политичка криза, и нека го гледаат тоа, а не прстот да го вперуваат кон нас – укажа Пешевска.

Според пратеничката корупцијата е многу поголем проблем. Потребно е додава таа, да се почитуваат начелата како владеење на право, демократија и слично.

Ние немаме датум за преговори со ЕУ зошто нема владеење на право, власта само го штити криминалот – заклучи Пешевска.

Пешевска се осврна и на измените на Кривичниот законик.

Јасно укажаа европските претставници дека измените на КЗ не се и не произлегуваат од делот на усогласување со европското  законодавство. Власта го искинаа од злоупотреба еврпското знаменце – рече Пешевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.