„После 8 години Македонија ќе добие влада избрана од народот. Времето на катастрофални политики погубни за Македонија и сите граѓани заврши“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница.
Таа продолжи и додаде:
„Поради урнисан здравствен систем основното човеково правило здравјето беше загрозено бидејќи мораше да се има пријател за основни работи. Така поминавме корона пандемија без вакцини и клексани со најголема смртност со тешки скандали на онкологија, хематологија, а сега и на хируршките клиники, а ветувавте бесплатно здравство. Ниту една учебна година не започна на време за потоа учениците да останат без учебници и да учат од слики на Вибер и покрај неуспешната дигитализација, а скапо платена, за ова одговорност ќе има. Ветувавте економски раст од 5%, а одвај постигнавте 1,6%. Животниот стандард на граѓаните никогаш не бил полош, тоа го потврди и Светска банка“, истакна Пешевска.
Таа потенцираше дека Македонија тонела во криминал и корупција.
„Македонија тонеше во криминал и корупција и тоа го нотираа извештаи, а тоа се извештаите на Европската Комисија, Стејт Департментот, Германската стопанска комора итн., граѓаните не беа задоволни во кој правец се движи државата и тоа го кажа и анкетата на ИРИ“ вели Пешевска.
Таа истакна дека ќе даде поддршка за оваа Влада затоа што верува во промени.
„Со изборот на оваа Влада се става крај на едно недемократско криминално и режимско владеење во Македонија. Големата разлика во гласови и огромната поддршка од народот е голема одговорност и немање простор за грешка, ние тоа го знаеме и умееме, јас лично ќе дадам поддршка на оваа Влада затоа што верувам во промени“, заклучи Пешевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.