Ние мораме да имаме во предвид сите пресуди од судот за човекови права во Стразбур, ние мора да имаме во предвид дека немаат право на здружување преку организирање во клубови, немаат право на учество на избори, немаат право на употреба на мајчин јазик. Значи ние сето тоа треба да погазиме со тоа што малцинствата ги тргна власта скроз со потпишување на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство“, истакна Жаклина Пешевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи за македонското малцинство во Бугарија.

Пешевска додаде дека поради сервилноста на власта Македонија дојде во ситуација во којашто е денес.

Кога Владата помалку би крадела тогаш побрзо Македонија би почнала преговори со ЕУ. Ние треба да работиме Европа да ја донесеме дома. Значи македонските граѓани не само што се уморни од чекање, македонските граѓани се уморни и од нефункционалноста на институциите“, нагласи пратеничката.

Пешевска праша дали Македонија со власта и со нејзините големи одлуки има функционално здравство или треба милион ургенции за еден обичен преглед, дали учениците добија подобро образование без учебници?.

Македонските граѓани без разлика на ентитетот на кој припаѓаат сакаат подобра економија“, нагласи Пешевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.