Во Втората светска војна се убиени над 500.000 Роми низ Европа и Балканот. Загрижувачки е што денес, и во современите демократски општества, се сè уште живи историските неправди кон Ромите, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил по повод 2 Август – Ден за сеќавање на жртвите Роми за време на Втората светска војна.

Наша заедничка историска и цивилизациска одговорност е јавно да се спротивставиме на ваквите појави, за трагедиите од Втората светска војна никогаш да не се повторат, порача Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.