Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, остварил средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества.

Соговорниците разговарале и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што, како што стои во соопштението, Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.

Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата, стои во стоопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.