НАТО пресретнал најмалку три терористички напади кон Македонија.
Шефот на државата Стево Пендаровски, изјави дека во најмалку три наврати НАТО пресретнал терористички напади.
„Нема да навлегувам во детали, но според податоците добиени од НАТО, во изминативе години најмалку три пати биле пресретнати терористички напади, а сè уште биле во подготвителна фаза што се случувала надвор од нашата територија“, рече Пендаровски.
Македонија е полноправна членка на НАТО од март 2020 година, а претходно го потпиша Преспанскиот договор со што Грција дозволи влез во Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.