Претседателот Стево Пендаровски денеска информира дека земјава и официјално веќе бара поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза.
-Како и во времето на КОВИД, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан. Земјава е високо зависна од увоз на енергенси и многу ќе ни значи, не само нам, туку на сите во регионот, ако ЕУ од своите фондови за вонредни ситуации одвои помош и за Западен Балкан, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со словачката претседателка Зузана Чапутова, одговорајќи на новинарско прашање.
Според шефот на државата, за енергијата, како земја која почна преговори со ЕУ имаме поинаков статус и поголемо право да очекуваме поддршка иако се уште не сме членки.
Чапутова во овој контекст потсети дека Брисел алоцираше средства за Македонија во процесот на транзиција и има посебен вид помош за земјава од ЕУ. Конкретно, за енергетската криза, и словачката претседателка се согласи дека тоа е најголемиот проблем во моментов и треба да се бараат различни пристапи за дивезификација, но и да се размисли за зголемување на енергетската ефикасност, како и за максимално искористување на обновливите извори на енергрија.
-Секоја од земјите е приморана да бара нови солуции. И ние сме скоро целосно зависни од енергетските ресурси на Русија, но бараме нови и добро ни оди во тој дел, истакна Чапутова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.