Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД, Антони Блинкен.
Пендаровски на Фејсбук објави дека со Шоле разговарале за евроинтегративните процеси на земјава, за борбата против организираниот криминал и корупција, како и за ситуацијата во регионот.
Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, требаше денеска, како што првично беше најавено од Стејт депратментот, да дојде во Скопје, но поради позитивен ковид-тест, ја одложи посетата по Нова година.
Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Освен Макеоднија, во програмата на Шоле беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Целта на посетите, како што информираа од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.